Уште истата ноќ, некаде околу полноќ, се качи на покривот од куќата само по маица и гаќи, замислувајќи како утрината, како во некој расказ, мајсторите кои работат на соседната зграда ќе ја најдат смрзната, но среќна.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Беше декември, и од покривот можеше да го види одразот на новогодишните светилки на прозорците на соседните згради.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Преку него се гледаше белина на ѕидот од соседната зграда.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На пладне врз соседната зграда легнуваше сенка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Брауни беше продавница за природна храна која се наоѓаше во соседната зграда.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Дики: Но, Курто, види...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Курто: Од соседната зграда те виделе како навечер си облекувал брусхалтер и женски гаќички.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Шоферот на мерцедосот преплашено гледаше во долгите нозе на својата жртва; под неонската светлост на соседните згради, неговото лице беше посиво и пожолто од лицата што сме свикнале да ги гледаме кога се сведоци на една смрт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од соседната зграда повторно згрмеа петарди и истрели, брзо се повлекоа од балконот, влегоа, ја затворија балконската врата и седнаа да гледаат новогодишна ТВ - програма. Не забележаа дека фатило да снежи... ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Одново запаленото светло над тажната трпеза тогаш повторно го осветли празното сопче отспротива, но некако сенишно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во соседната зграда запалија светло: здивот на еден туѓ живот проструи низ Бутиевото сопче за да ги растера мракот, празнината, пустелијата на неговото постоење.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ниту едно несакано движење, ниту најмала гримаса на лицето, ниту еден единствен знак на очите или усните кои би ги оддале мислите што го измачуваа, или пак тешкото страдање во кое се беше затворил.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И му се стори небаре светлината од некоја далечна зора навлегува во ноќта на неговиот дух.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Истиот ден кога Бути се исели од сопчето на госпоѓата Нини, како гром од ведро небо луѓето ги погоди веста дека госпоѓата од третиот кат на соседната зграда, госпоѓата Маши, ги напуштила мажот и трите деца.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ова сопче, задушливо, мрачно, затскриено од соседната зграда, токму одговараше на расположението на потстанарот. Тулио Бути секогаш сам одеше по улиците, дури и без оние двајца неразделни другари на најголемите осаменици: цигарата и бастунот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)