сопствен (прид.) - стандарден (прид.)

Зајмиме хетеросексуални обрасци на односност и ги приспособуваме кон сопствените цели, истовремено потпирајќи се на личното и на интимното за да им внесеме особено, своеобразно значење – да ги создадеме значењата и обредите што им даваат облик, цврстина и полноважност на нашите чувства.314 Колку се полични или поинтимни таквите начини на ополноважување и легитимирање, толку ни е помала дистанцијата од нив, толку понеиронично ни е гледиштето кон нив и толку помитски стануваат тие општествени облици и обреди. ‌Ваквите самоодобрени, самосоздадени и самопотврдени облици и обреди можат да бидат особено угнетувачки токму за оние што ги создаваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму тука е најголемата опасност на романтичната љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи немаме никаков општествен поттик да се вљубиме и бидејќи немаме никаков сопствен стандарден, надворешен, јавен облик со кој ќе ги дефинираме и претставуваме сопствените венчални односи, мораме да ги персонализираме постојните општествени облици за да ги направиме наши.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа нѐ поттикнува личното да го правиме стварно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)