сопствен (прид.) - општествен (прид.)

Немаме готов начин за конкретизирање на оној вид значење што не се изразува преку претставување на нешто, туку преку самото нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога геј-луѓето ќе се лишат од заедничкиот, комунален живот, од сопствен општествен свет, главната мисла на геј-политиката веќе не е отпорот против хетеросексуалното угнетување, туку тоа станува асимилацијата, односно приспособувањето кон главнотековното, поривот за општествена прифатеност и интеграција во општеството во целина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа немоќ збунува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, сепак, и понатаму очајно ни е срам колку се чувствуваме и се однесуваме настрано – се срамиме од своите инстинкти, љубов и омраза, од своите ставови, од своите нестандардни вредности, од своите начини на суштествување, од сопствените општествени и културни практики.99
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прашањата како што се воената служба за гејовите и еднаквоста во однос на бракот, кои порано беа борби за пристап до осигурување, за правична распределба и за отстранување на дискриминаторските пречки, сега стануваат борби околу симболизмот на општествената припадност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој предмет или активност го ракотвореле и го осмислиле луѓе како нас со внимателна намера и со макотрпна промисла.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е лик на мјузиклот (86) и лицето во чие име се разработува жанрот мјузикл (83).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што нејзините поттици биле таму со првите зборови и со првите чекори на синот, така и нејзината благост дава трајна дозвола за неговата изведба – која тој истовремено ја изведува за неа, со неа и како неа (86).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму во нејзината сенка, под нејзино покровителство и преку идентификација со неа, настраното момче кое ѝ е, ете, син добива поттик/забрана да се воздигне до сопствената општествена и субјективна дејственост – односно, да изведува – и со тоа му се овозможува да си го обезбеди, неизвесно и малку веројатно, сопствениот идентитет, сопственото несигурно и провизорно место во еден ненаклонет општествен свет. ‌Во контекстот на Циганка, Милер може да тврди дека мајчиното отфрлање на ќерка си и мајчиниот обид да ја преосвои сцената за себе на крајот од мјузиклот предизвикуваат особено обессилувачки и разорен шок кога се гледаат од гледиште на момчето чиј сопствен пристап до изведбата првобитно го дозволил ликот на мајка му – мајка која своевремено го навела да верува дека, преку неа, и тој ќе може да си има место.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На некој своеобразен начин, и геј-гордоста е одговор на постојаната стигматизација и маргинализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ги елиминира и материјалните предуслови за медиумска култура во чија основа е заедницата, на политички и општествено напредна медиумска култура и, наместо тоа, го поттикнува подемот на сјајните списанија за животниот стил и кабелските канали, кои се насочени кон националната пазарна ниша и кои се темелат врз канонскиот, службен, главнотековен геј-идентитет, а е против прогресивниот интелектуален, политички и естетски израз, особено против облиците на размислување и критика. ‌Во такви околности, програмата на геј-политиката и на геј-живеењето ги запоседнуваат грижите на луѓе што живеат раштркани и релативно изолирани, заглавени меѓу хетеросексуалците во гратчињата и во руралните подрачја, наместо собрани заедно во велеградските центри.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што пишува Лорен Берлант, „ниту едно население никогаш не ја збришало историјата на сопствената општествена негативност од своето тековно општествено значење“.255 Попрво, геј-гордоста нуди поинакво решение за истиот проблем, стремејќи се кон подобра иднина – односно подобра од светот каков што го познаваме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А какви се грижите на геј-луѓето што ќе се најдат во такви места?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот на краиштата, не се занимаваме со мистериите на вселената и со чудата на природата; се занимаваме со човечки културни производи и со нивните значења, со сопствениот општествен свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пристапот до главнотековните општествени облици: воената служба, припадноста во црква и бракот. ‌Ова многу ги објаснува карактерот и преокупациите на современата геј-политика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)