сопствен (прид.) - друштвен (прид.)

И многумина правеа така: тоа беше геј-соодветник на Исходот. ‌А ако ти се присакало секс, во тоа време, мораше да излезеш од дома.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Немаше тука бирање со кого ќе се дружиш и дали ти биле по мерка, дали биле од оние типови што ги цениш и што би сакал да ти бидат пајташи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да си најдеш сексуални партнери, мораше да се фатиш за некоја од институциите на машкиот геј-друштвен живот: баровите, бањите, Црквата на метрополската заедница, месната деловна геј-асоцијација, геј-моторџискиот клуб, геј-хорот, некоја од политичките геј-организации или групи за притисок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
До интернетот имаше уште деценија-две, а мобилните телефони сѐ уште не беа ниту на повидок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во голем број од тие друштвени окружувања, особено во сексуалните иснтитуции како што се баровите и бањите, сигурно ќе сретнеше секакви луѓе со кои никако не би се запознал во сопствените друштвени кругови, како и разни луѓе со кои не би ти ни паднало на памет самиот да се запознаеш, па и куп луѓе со кои никако не би сакал да те најдат ни мртов, да беше до тебе. ‌Ама не беше до тебе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)