сопствен (прид.) - џеб (имн.)

Значи, предлагаш да се движиме по оваа патека, нели? - тој покажа на картата и му се обрати на својот курир: - Ги знаеш ли овие места? - Како сопствениот џеб, генерале! - Имам и јас еден тукашен од Јановени. Тој, генерале, со затворени очи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Директорот, откако дозна дека е тужен, не беше воопшто засегнат, затоа што и доколку го изгубеше судскиот спор, бидејќи станува збор за државно претпријатие, обесштетувањето немаше да го дава лично тој од сопствен џеб, туку самото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, и покрај ова, како и покрај издадената директорска наредба за моментален и безусловен престанок на бојкотот, и покрај вршените притисоци по сите можни линии –  работниците издржаа и го продолжија прекинот на работа со целосна блокада на железничкиот (патнички и товарен) сообраќај на територија на целата држава –  бидејќи тие, буквално, се наоѓаа во безизлезна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, ти, ги знаеш ли патеките што водат за Видехова? - Како сопствениот џеб! - се пофали курирот. - Тогаш врви ти напред.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)