сопствен (прид.) - уво (имн.)

Мојата ќеркичка донесе една дома пред некоја вечер - ја испроба на вратата од нашата дневна соба и утврди дека може да чуе двојно повеќе отколку со сопственото уво на клучалката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Просто не им веруваше на сопствените уши.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го гледав со ококорени очи смешно фатен за држачот, не, не можев да поверувам на сопствените уши, но тој продолжи да зборува и ми рече дека човекот го направил од сé подолу, “мифка” како што рече, и тоа баш пред колегите што се насобрале околу него и слушале како невидени и уште многу потоа зборуваше, пени на уста му излегоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не беше во состојба да каже дали гледаше со своите сопствени очи, дали размислуваше со својот ум, дали слушаше со своите сопствени уши или со оние на Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Томето не можеше да им верува на сопствените уши, се прашуваше во себе дали сонува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)