сопствен (прид.) - тело (имн.)

Видливо и подвижно, моето тело е ствар меѓу стварите; фатено е во фрагмент на светот, неговата кохезија е едновремена со стварите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Деструктивните резултати на перформансите, сликите и скулптурите на Yoko Ono од доцните педесетти навака, како и Feu a volonte, конструкцијата на Nikki de Saint Phale од 1961 г., наполнета со вреќи со пигменти што експлодираат застрелани со пушка, демонстрираат дека жените сепак не се исклучени од уништувањето на уметничкиот материјал, вклучувајќи ги тука и површините на нивните сопствени тела, како во перформансите на самоосакатување на Gina Pane.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Акционистите беа следени со цели редици уметници што ги загрозуваа сопствените тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа, се разбира, е благодарно подрачје за некои современи мрежни проекти и перформанси коишто се структуирани како непрекинато откривање на опскурното под површината на убавото тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вообичаено е оваа „разделеност“ на два света да се определува така што сето она што му припаѓа на физичкиот свет, вклучувајќи го тука и сопственото тело, се определува како надворешна состојба, додека она што му припаѓа на менталниот свет се определува како внатрешна 42 okno.mk состојба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Опскурното се искажува во бескрајната пластична операција што ја изведува феминистичката перформерка Орлан; опскурните односи помеѓу идеалните тела се откриваат во меѓумрежниот проект Bodies Incorporated во кој на посетителите на проектот им е овозможена конструкција на сопствени тела коишто потоа дејствуваат низ пропорции и релации на една однапред програмирана корпорација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 29 Гордана Внук ПОСТ-ПОРН МОДЕРНИСТКИ ЖЕНСКИ ПРИСТАП КОН ТЕЛОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА ТВОРЕШТВО
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А затоа што се движи и гледа, тоа ги задржува стварите во кругот околу себе. (Merleau-Ponty 1964:162-3) Употребата на сопствените тела од страна на уметниците ја поткопува објективацијата и поттикнува вознемирувачки, често неприфатливи емпатии, а во однос на вреднувањето на уметноста и јавното однесување претставува напад врз поимот на дистанца и објективност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Процесите што се одвиваат во и со нејзиното тело се одвиваат во светот на физичкото, а процесите што се одвиваат во духот на таа личност, му припаѓаат на менталниот свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, додека машките уметници го истражуваат односот на тоа тело спрема објектите и технологиите за деструкција и спрема тврдењето за оживување на идентитетот, жените-уметнички редовно ги посветуваат своите истражувања кон реконструкција на Себството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во последниот перформанс, Zereissprobe од 1970, тој симболички и стварно реализира одреден степен на автосекција, односно она што Хуберт Клоцкер соодветно го нарекол ‘психо- археолошки егзистенцијализам’.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така е можно дека во иднината сопственото тело интертекстуално и бесконечно ќе го рекомбинираме, што значи дека нема веќе да биде заробено во својата „конечна” функција, туку ќе биде по желба заменливо или компатибилно со други тела или со нивни делови - зачувувајќи ја сопствената свест - а сѐ ќе биде во служба на барањата на интересите на половата наслада.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога „средиштето” повеќе не се држи, ниту доживувањето на сопственото јас, ниту доживувањето на сопственото тело не можат да го задржат својот идентитет, Muller интегритет и виталност, и индивидуата се стрмоглавува во состојба која на крајот резултира во состојба што, според наше мислење, може да се опише како состојба на „хаотичен не- ентитет”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И покрај тоа, се женел двапати - и тоа не е единствената противречност во животот на човекот кој на сопственото тело го искусил дејството на јаките дроги, а сепак признава: „Никогаш не сум зажалил заради своето искуство со дрогата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, “Набргу тоа стана начин на живот: ТИ И ЈАС, ЈАС И ТИ...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По тој повод, Дидје Семен (Didier Semin), куратор на изложбата во соработка со Серж Лемоан (Serge Lemoine), му постави на Арман неколку прашања за актуелноста на тво­рецот на MERZBAU.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На Џарман му беа потребни неколку недели да го прифати фактот за присуството на вирусот во сопственото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ме излудуваа затоа што беа пресметани (и воопшто, Луција беше свесна дека е убава и имаше еден сосема јасно деклариран економски однос кон сопственото тело, чија убавина ја натценуваше токму со тие непотребни движења со кои истакнуваше делови од телото); но мене тоа не ми пречеше, туку напротив, го сфаќав тоа како сигнал кој ми ветува дека некогаш, кога и да е, ќе ја имам Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На пример, искуствата на жените за нивните сопствени тела и за нивните плодови (родени или неродени) би ја предизвикале крутата дихотомија на внатрешно/надворешно и јавно/приватно на начин кој би провоцирал различни одговори ако не и уште повеќе прашања за проблемите коишто се поврзани со идентитетот, врските помеѓу себството и другите, и оправдувањата на либералната демократија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На Арсо му се чини дека е затворен во теснината на сопственото тело, недвижно испружено во темницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа еротско тело е резултат на серија последователни трансформации благодарејќи на кои психичката сексуалност, развивана повеќе од десет години пред зрелоста на гонадите, последователно инвестира разни телесни органи кои ја претставуваат границата меѓу сопственото тело и надворешноста: кожата, устата, анусот, сензорните органи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја наведнав главата. Бев дете фатено со списание разголени фотографии, но на тие фотографии, беше моето сопствено тело, ишарано од пламењата и лепливо од јазиците на непознати дебели полицајци.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во моментот кога ја виде како паѓа врз врзаната рака, му се стори како нејзината болка да ја чувствува во сопственото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислиш дека јас зборувам за власт и моќ, а дека не сум во состојба да го спречам распаѓањето ни на моето сопствено тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го изненади помислата дека во моменти на криза, човек никогаш не се бори против надворешниот непријател, туку секогаш против сопственото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има моменти, кога човек просто е составен само од мисли, ништо друго нема освен мисли, поврзани или испрекинати, та ништо физичко, дури и сопственото тело, не постои.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Со употребата на новата опрема - ракавиците и “cyber-suit”-от, коишто се всушност ништо друго туку обновена тастатура или глушец, со начинот на употреба на сопственото тело за пренесување на сигнали на компјутерот и со очилата ќе ги истражиме дигиталните виртуални стварности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имаше чувство дека се слева со бескрајот, дека и неговото сопствено тело е бескрај.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Бев затворена во границите на сопственото тело.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се будам во солзи и пот, оваа ужасно потресна слика која ја рефлектира мојава душа ја шатирав, ја исенчив и ја покрив со бело кадифе, но во полноќната тишина сѐ уште ја слушам исповетта на убиецот на моите чувства: „Се плашам од тоа што сум, од огнот чии пламен се чувствата и мислите кои водат битка во мојава душа, која гребе по ѕидовите на сопственото тело.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Загледана во некоја замислена точка на бесконечноста се обидувам да му напакостам на сопственото тело, зошто душата и така ми е одамна затруена од отровот во белите цветови што растеа во недостижноста на тоа веќе загубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Упорно гледав во минатото и таму го барав скриениот дел на сопственото постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги заривам забите во сопственото тело и тонам на дното, тонам и го гледам лицето на понорот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се плашам од тоа што не сум, од тоа што сакам да бидам, а никогаш нема да постанам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сликарот на животот, создавачот на смрта, ткајачот на судбината, златен круг на времето кое ќе нѐ однесе до портата на чистилиштето. -„И што понатаму?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па можеби таму ќе го најдам изворот на подмолнава сила кои некој ја нарекуваат немир.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)