сопствен (прид.) - тежина (имн.)

Тврди дека не нѐ убива висината од која скокаме, туку нашата сопствена тежина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тогаш, додека замелушен со сопствената тежина, чудно чист, поаѓав низ ноќта, се сетив на она што Советникот ми го кажа пред некој ден, а што јас, како и секогаш,го земав за фраза.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се разбуди целиот скршен од сопствената тежина налегната на камењето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Без оглед какви ќе бидат овие засега непознати правила јасно е дека индустријата со нетрпение очекува да ги дознае бидејќи за неа економски е многу важно да може да претскаже кога некој куп железна руда или вештачко ѓубре ќе се одржи или ќе се распадне под сопствената тежина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Шишман сети како тој се зададе врз него и набрза да направи нов чекор, ама ногата му се слизна и, занесен така, потрча по сопствената тежина надолу.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)