сопствен (прид.) - субјективитет (имн.)

Од најмали нозе, од многумина од нас се бара да се однесуваме на начини што се неусогласени со начинот на кој чувствуваме и со начинот на кој инстинктивно реагираме на воспоставениот општествен поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нам општествените премрежиња на самото наше постоење ни налагаат да играме улога што подразбира лажирање на сопствениот субјективитет. ‌Тие општествени услови имаат голема објаснителна моќ за појавите што ги проучувавме тука.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хетеросексуалната култура и понатаму е првата култура што ја доживуваме, а нашите субјективитети, нашите начини на чувствување и изразување, нашето чувство на различност мораат да се вообличуваат во контекстот и во рамката на хетеросексуалната култура. ‌Геј-мажите, како што напишал Сартр пред шеесет години, истовремено се служат со два различни референтни система.474 Тоа е така поради типичната општествена положба од која потекнува машкиот геј-субјективитет и во која машките геј-културни практики си го добиваат првобитниот облик: положбата во која растеш и те одгледуваат родители хетеросексуалци во нормативно и поимски, ако не и стварно, хетеросексуална средина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја објаснува двојноста на геј-свеста, ја објаснува таа хиперсензитивност за вештачката природа на семиотичките системи – хиперсензитивност што толку видливо се изразува во кампот и која ја создава онаа особена артилерија од херменевтички техники што геј-мажите ги еволуирале за да ја разобличуваат лукавштината на општественото значење и за да ги извртуваат нејзините кодови и означители на иронични, софистицирани, пркосни, суштински театрални начини. 475 И затоа е благотворна за создавање на геј-културните облици и стилови со кои се запознавме. ‌Сѐ додека настрани деца се раѓаат во хетеросексуални семејства и во општество што е нормативно, поимски хетеросексуално и сѐ додека се и понатаму отуѓени од хетеронормативните општествени облици, ќе мораат самите да си осмислуваат сопствен нестандарден однос кон хетеросексуалната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нас на субјективитет нѐ тера барањето да бидеме неавтентични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)