сопствен (прид.) - стапка (имн.)

Ги испреврте сите кантички наопаку да им истече сета боја на подот, ги шутна ќупчината со четки и шпахли да се скршат на парчиња, а овие да се растурат како чкорчиња од фрлен кибрит, го истури терпентинот по сопствените стапки или стапалки што се ширеа од ногалките низ ателјето, како бранови што се губат од потонатиот камен, лежеше на тврдиот миндер покрај голата софра и ѕуреше во колското тркало, од кое беше направил солунски лустер, а сега висеше само како колено од скршена кола.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И напишав. Дури ставив и наслов: ПО СВОИТЕ СОПСТВЕНИ СТАПКИ „Родена е на 9 ноември 1983 година, во Скопје, Македонија, земја не толку позната за пошироката културна и светска јавност.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Второ дете е во семејството на, во тоа време, познати интелектуалци во градот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)