сопствен (прид.) - среќа (имн.)

Напротив: сериозно сметајќи на „насоченоста на душата кон братството”, и уверен дека „поединечната волја може мошне малку, а волјата на соединеттите сé”, активистичкиот дух го „поттикнува поединецот да се бори за среќата на сите луѓе, по цена, ако е потребно, на сопствената среќа”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во тоа ја гледаат сопствената среќа и иднина...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дека Партијата е вечен заштитник на слабите, посветена секта која прави лошо за да може да дојде доброто, која ја жртвува сопствената среќа за среќата на другите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Осквернет тој никогаш не си го позволувал тоа па сега си личеше себеси како да беше истрчан пред сопствениот лов, пред сопствената среќа, а тие требаше само да бидат пресретнати. Среќата како и ловот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Работничката класа, во отсуство на моќни и класно ориентирани синдикати, работнички партии кои би биле канализатор и градител на класната свест, се повеќе се одрекува од сопствената сила и се води од оваа наводна „неидеолошка“ доктрина за барање на сопствена среќа со индивидуални напори.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Или е во прашање некоја посебна тајновитост на која се уште не сум и дораснал па затоа и не можам да наѕрам во неа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем може во случајов да станува збор за засраменост од сопствената среќа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако се поспиеш со мирисливиот парфем на сопствената среќа, тој мирис ќе можеш да го пренесеш и врз другите околу тебе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Секој треба да си го смени чуварот на сопствената среќа, тогаш кога ќе се наруши невидливата обвивка на самозаштита.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Никогаш веќе нема сам да си ја гони сопствената среќа од сопствените внатрешни одаи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)