сопствен (прид.) - смрт (имн.)

Но тоа не е точно: зад тој привид стоеше мртвиот универзитет, стоеше мртвата култура, чии што предизвик беше дофрлан до 18 Margina #8-9 [1994] | okno.mk властите, и во ист момент евентуално нивната сопствена смрт - преобразба во непосредна жртва, што поправо беше самата долгорочна операција на системот: ликвидација на културата и науката.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Смртта на неговиот јунак и неговото гадење (односно сопствената смрт и сопственото гадење) за авторот не се доволни причини светот да го види или да го прикаже грдо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да му се препушти иницијативата на сопствената смрт значи да му се препуштат сите предности на револуцијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Опкружени со симулакрумот на вредноста и фантомот на капиталот и власта, ние сме многу повеќе разоружени и повеќе немоќни отколку кога сме опкружени со законот на вредноста и робата, бидејќи системот се покажа способен да ја интегрира сопствената смрт и бидејќи ни е одземена одговорноста за неа, што значи дека ни е украден пазарот на нашиот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Уметноста е жива, дури и кога ја симулира сопствената смрт (парафраза -Арган) како што актерот кој умира следејќи го контекстот на сценариото е жив, понекогаш пожив и од самата публика.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кон зајдисонцето се спушта Сансет Булевард (на којшто Вилијам Холден ја пронајде Глорија Свансон и сопствената смрт во базенот), завршувајќи онаму каде што почнуваат Малибу и неговите дрвени куќички (од една од нив Мајк Хамер едвај се спаси кога лековерната девојка го отвори мистериозниот ковчег).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Фрлање од високо не доаѓаше предвид, бидејќи од високо ѝ се вртеше, а би било глупаво, кога веќе свесно експериментира со сопствената смрт, во клучниот миг да ја фати несвестица.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
2 Всушност ништо: „врзани енергии што се движат кон сопствената смрт”; игри на неутрализирање, деактивирање на сапунските меури, супституции, инверзии.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Какво варварство! Да се земе живо дете, да се сошие во кожа на мртовец - и тоа ќе се задуши во тоа старско детство во кое не треба да прави ништо друго освен по сопствената смрт да загорчува други детства.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Слично како што неодамна на Интернет се одвиваше еден комплексен проект по повод делото на Арто, со цел на некој начин да се исцрта физичкото и ефемерното тело на уметникот, самиот Арто, една година пред својата смрт, во театарот Vieux Colombier, демонстрирал вистински театар на суровоста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Арто за таа тн. книжевна вечер се подготвувал мошне сериозно и прикажал агонија на човек што умира од чума, човек што е измачуван, а патем врескал и делирично извикувал, играјќи ја сопствената смрт и распнувањето на крст.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секој си ја следи страсно сопствената смрт. Страста и стравот од смртта се едно исто.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)