А ние, кутрите чеда, додека си ги имаме родителите, веруваме во нивната вечност, во нивната вечна моќ и вечен опстој, во нивната непобедливост, ослободени од сопствената слабост.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко ми, како секогаш откога се разболе, молкум читаше во фотелјата, со грб кон вратата, далеку од куќата, во ужасната осама со која се мачеше себе си и другите, во која тонеше упорно, тврдоглаво, обземен од сопствената слабост.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но, ќе дојдеме до вистината за себе и ќе ја видиме вистината за светот и вистинското сознание за темелот на суштествувањето со неутрализирање на сопствените слабости и слепи нагонски сили, егоистичките тежнеења, побудите, рѓата, безумноста, импулсите на гревот и заслепеноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И Отла гледа во лицата на децата, гледа во грчот на нивните лица, гледа како тие лица позеленуваат, гледа како устите им се разјапуваат барајќи воздух, гледа како паѓаат на подот, паѓаат едни преку други, ја чувствува и сопствената слабост, сопственото гушење, но се проколнува што има толку издржливо тело, што ќе умре последна гледајќи ја нивната смрт, и таа конечно паѓа, паѓа врз детските тела, ги гледа како им се превртуваат очите, како од устите им потекува крв, а потоа чувствува како и нејзе нешто ѝ се раскинува во градите, ги превртува очите, издивнува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Цело попладне не излегов од бараката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)