сопствен (прид.) - сила (имн.)

Тој знае оти нив ги убива нивната сопствена сила.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Задржани во облакот како што земјата се држи во бескрајот на вселената од сопствената сила.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Истражувач на човечката моќ во себе! Проверувач на сопствените сили!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави – ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со свои сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)