Секогаш откога ќе заминеш ќе згмечам некоја смрдибубачка ќе го вклучам телевизорот небаре веднаш ќе јават дека еден издишан балон пак си ја надлетува сопствената сенка.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Погледот се одбиваше од огледалата, во кои ја гледав сопствената сенка во црно бел свет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Затворена во четири ѕида со една слика и со свеќа која полека догорува и ме заспива со мисла дека ова беше само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Оголените вдлабнатинки изгледа, токму поради тоа што беа како две плитки длабки, лежеа во својата сопствена сенка.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Потоа, во обликот на сопствената сенка на земјата, треба да се ископа дупка, да се стави крај неа смарагд, а потоа треба да се налегне врз дупката и да се положи сопственото семе како зборови.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Кога во еден миг се опулив во дното, има што да видам, си ја допивам сопствената сенка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зашто од сопствената сенка никој не успеал да избега, да се скрие. Тоа не му успеа ни на Ефрем Ефремов.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тој се сврте со грбот кон сонцето и си ја виде сопствената сенка како паѓа преку темелите во ендекот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Значи, сакам да кажам, не е важно дали актерот ќе ни ја сервира сценската фикција стоејќи на глава, нудејќи ни ја со клепките, гонејќи си ја сопствената сенка или стругајќи на зарѓаните гласни жици.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Смарагда е неодвојна како негова сопствена сенка, го демне секое негово движење и го гушка и милува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
ОБИЧНИ НЕШТА На улица пролеаната крв студенее и на лицето црвенее и во говорот На едниот плочник една рана на другиот друга Октомвриско свлекување на дивите костени Не свикнуваме лесно со умилкувањето на смртта па сепак ќе нè потиснат пораките на годините Вистината е во коренот цутот е шарена прелага Колку е поизморено телото е поблиску до сопствената сенка Но зошто да зборуваме за нештата со кои заедно легнуваме заедно стануваме.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Имаше нешто од тоа соединување на сенките, од тој допир на одразот, од тоа преплетување на две недофатливости, во оние мигови кога Рајнер и јас бевме заедно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И само понекогаш некој ќе се загледа во сенката што ја фрлаат облаците или некое дрво, или ќе се загледа во сопствената сенка, и тој миг му изгледа како насетување на некакво откровение.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
(напати ти се привидуваат
пештерните манастири околу
Белото, лихт луминозно езеро
- она понасевер од Делфи
и од Костур -
светилиште само по себе
облиено со внатрешен сјај
од белки на монахинка
среде коишто, во драматичен контраст
се вовира зеницата, духовниот рез);
- многу мислиш, а малку искажуваш
јазикот за тебе поскоро е молвење
од разговор, сѐ е ВНАТРЕ
и ти, и Тој, и исказанието
и дослухот меѓу вас
и предметот дури се вовлекува
во тој, невидлив за другите, Круг;
- и повеќе не правиш разлика
меѓу искреноста и вистината
со денови се повлекуваш во себе
секнуваш, понираш, остинуваш
стаписан, онемен, оти си согледал:
не е лесно да се биде искрен!;
- и повеќе не е битно дали нешто
те повикува без престан
да му припаднеш, сестро Варваро
или просто посакуваш
од дното на душата
од нејзината небесна бездна
да постоиш блажено
во согласје со себеси
и навистина повеќе ништо
друго не е суштествено
освен:
да ја бараш сопствената сенка
сѐ додека не си соѕидаш самица
а во неа си - Лице без сенка:
м-о-н-а-х!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)