сопствен (прид.) - свадба (имн.)

Соседите од нивната улица ги затворија во логорот на Бањица, а Јехуда, во потрага по својата Алегра успеа некако да издејствува да го затворат тука, со нас, на Сајмиште.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Влезе во дуќанот и скршена од болка, додека ги прередуваше незавршените костуми, го најде свадбениот костум што Јехуда си го беше сошил за сопствената свадба, го доближи до лицето залудно обидувајќи се да го почувствува мирисот на нејзиниот син од необлечениот костум и се струполи на земја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеш да ја носиш и на сопствената свадба, баш изгледаш она... како да речам...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)