Како и сексот, националноста е многу голем, примитивен, сеопфатен факт на животот кој не дозволува никакво друго гледиште вон сопствените рамки.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во секој лингвистички систем во постојано делување се веќе неколку јазици - сите јазици содржат елементи од други јазици, исто така содржат и нестабилност, двозначност во нивните сопствени рамки.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кога курвата сака да ја мине границата како уметник, таа излегува од рамката каде што била објект за самата да може да ја авторизира сопствената рамка.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Порнографијата со својата дословност и занимавањето за сексуалниот ефект (еден од најстарите примери за интерактивен однос меѓу гледачот и изведувачот) му се заканува на митот за симболичката форма и естетската дистанца на уметноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)