сопствен (прид.) - приватен (имн.)

Бидејќи на човекот, на секој човек верувам, а особено на осамениот, најмногу од сé, можеби повеќе и од самата вулгарна храна, му треба човечки збор, јас него го наоѓав во деновите пред вселувањето во оваа “моја” гарсониера, во читањето оти тоа за мене беше најдобар, највдахновен и најбезбеден разговор со човекот што се потрудил, ризикувјќи ја сопствената приватност, да ги стави своите размисли и чувства на хартија а потоа, претрпувајќи го цел оној унижувачки чин на оценка, уште okno.mk 71 и да ги обелодени пред јавноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)