сопствен (прид.) - постапка (имн.)

Него самиот. Од неговите сопствени постапки. И неопходноста од нивното озаконување.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Постоеја работи, твои сопствени постапки, од кои не можеш да се повратиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој миг, кога ненадејно се соочи со сознанието за бесмислата на сопствените постапки и за сеприсутноста на сопствените заблуди, тој сети како таа празнина му ги исполнува сите пори во кои само миг пред тоа му живеела душата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
IX. Вистината е дека неговите го мразеа поради блискоста со оние што ги нарекуваа не-Евреи, заборавајќи дека токму оној Петар што подоцна се срамеше од сопствените постапки прв ги прифати нив во верата кон Бога во куќата на Корнелиј.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Станува слепо оружје, живее ли во бунило неспособен да мисли и да ги оцени и преоцени сопствените постапки и да го сфати сопственото однесување?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)