сопствен (прид.) - опстои (имн.)

Само миговно, небаре миг на навраќање кон детството, а потоа се врати во реалноста, започнувајќи ја средбата што ја прифати не само како обврска, туку сесрдно - како составен дел на сопственото опстојување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Најголемиот дел од она што сум го напишал се озна­чува како ексцентрично, бидејќи никогаш не правев јасни разграничувања помеѓу живеењето и пишувањето; иако живеејќи успевам да го прикријам непот­полното учество во сопственото опстојување, сепак не можам да го изнегирам во своето пишување, затоа што пишувам токму за да не постојам или за да не постојам половично.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)