сопствен (прид.) - олтар (имн.)

Ослушувајќи ја со некој внатрешен слух болката во здробената рака, се исповедуваше како пред сопствен олтар: кога имав седум години пронајдов дека чевларот од нашата улица не е некој друг туку самиот сотона.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Станав молител во храмот, станав трагач по сопственото срце, се претворив во мечтател по сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како најголем уметник на ѕидот на вечноста ги насликав сликите на судбината, на светото место си подигнав сопствен олтар, мое светилиште.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)