Облечен во бела кошула, потклекна пред своите судии што се собраа додека му ја читаа пресудата: “(...) Изречуваме, изговоруваме, пресудуваме и изјавуваме дека ти, Галилеј, поради сопствените објаснувања, изречени за време на процесот, и што си ги признал, си се покажал пред овој инквизициски суд како мошне осомничен за ерес, бидејќи си застапувал учење што е погрешно и спротивно на Светото писмо, имено, дека е Сонцето центар на светот и дека не се движи од исток кон запад и дека Земјата се движи и не е центар на светот и дека е можно да се застапува и брани како веројатно некое мислење и откако неговата содржина била прогласена за спротивна на Светото писмо; и како последица на тоа си се испоставил на сите цензури и казни што светите закони и останатите општи и поединечни законодавства ги вовеле и ги утврдиле против таквите престапници.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Инаку, за твојата голема грешка, погубна заблуда и прекршок да не остане сосема неказнета, за во иднина да бидеш повоздржан и за да им бидеш опомена на другите да се воздржат од слични престапи, разгласуваме дека со јавна одлука книгата Дијалози од Галилео Галилеј се забранува.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од овие со задоволство ќе те помилуваме под услов веднаш со искрено срце и со вистинска вера свечено да се одречеш, да отповикаш и пред нас да ги отфрлиш споменатите заблуди и кривоверства и сите останати заблуди и кривоверства, спротивни на апостолската и католичка црква на начин и во облик што ние ќе ги пропишеме.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)