сопствен (прид.) - нос (имн.)

- Не знам, но јас веќе вака не можам, - воздивна Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Стои мирно Карамба-Барамба, а сенката им се криви на луѓето издолжувајќи го со прсти сопствениот нос; чекори Карамба-Барамба, а сенката пијано се ниша зад него - нашла негде ракија и се опијанила!
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Освен тоа, таа не можеше да го чува него заклучен, а не доаѓаше никако предвид тој да оди на улица во таква состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можеше да си го издува сопствениот нос, да си ја избрише устата, да јаде, да стане, самиот да излезе и да ги прави поголемиот дел од работите, но беше и преседнал на мајка ми, која што беше веќе стара жена со нарушено здравје.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)