сопствен (прид.) - нога (имн.)

Оној што не разбра за него се разбуди порано отколку што обично стануваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Грлото му се стегаше додека трчаше не забележувајќи ја брзината на сопствените нозе и знаеше дека набргу ќе мора да подзастане за да повраќа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нека се знае од сите: македонското ослободување е можно само тогаш кога самото население, густата народна маса, ќе стане на нозе, ќе отвори очи и ќе си ги засука ракавите за да ја исчисти својата земја од мали и големи тирани, господари и господарчиња, самата со својата сопствена нога да го бутне овој изгниен труп каков што е султановата држава16.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Арсо се пробиваше, ги вкрстуваше своите чекори со многуте чекори на другите и чувствуваше и му се чинеше дека тоа се многу чекори на неговите сопствени нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Галбрајт заклучува дека во иднина луѓето кои малку нешта можат да направат со својата слобода ќе бидат систематски уривани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега во богатите земји постои мнозинство луѓе коишто се чувствуваат подобро со сите ризици што ги вклучува слободата и стоењето на сопствени нозе; тоа мнозинство се чувствува подобро ако не ги плаќа порезите и откажувајќи се со тоа од сигурноста што ја нуди државата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не, мислам дека треба да научиме, сега, а подоцна ќе го искористиме тоа што сме го научиле и ќе стоиме на сопствени нозе...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но јас сум лекар. Што да правам?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па и тебе однекаде те оттргнале, не доаѓаш на сопствените нозе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)