сопствен (прид.) - народ (имн.)

Беше свесен дека тешко може да се замисли иднината на државата без интегралната историја на сопствениот народ, без толкувањето на сложените меѓуетнички односи во минатото, без откривањето на тајните на нивното одржување под отоманската власт што, секако, претставуваше и едно од клучните прашања за иднината на новата држава.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како на тој предизвик одговара писателот Ванчо Николески?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со судбината на историските личности, нивните индивидуални животни стории, писателот ја воспоставува нераскинливата врска со сопствениот народ, колективното егзистирање, што ќе рече оти како уметничко- естетска вредност романот е дело за една личност која во себе најубаво и најуверливо ги одразува и содржи сите народни идеали и се стреми кон општочовечките, униврзални димензии на егзистенцијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со судбината на историските личности, нивните индивидуални животни стории, писателот ја воспоставува нераскинливата врска со сопствениот народ, колективното егзистирање, што ќе рече оти како уметничко-естетска вредност романот е дело за една личност која во себе најубаво и најуверливо ги одразува и содржи сите народни идеали и се стреми кон општочовечките, универзални димензии на егзистенцијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Како на тој предизвик одговара писателот Ванчо Николески?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Идејата како во Албанија, со револуционерен јуриш, да се искорени троверството од сопствениот народ, со забрана на Бог, со забрана на небото за душите, со сите можни облици на душевна тортура, продолжува да биде отелотворена во последниот атеистички музеј на светот, повеќе години откако Советите и неколку други сателитски земји ја увидоа грешката.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дружете се, господине Беренц, ќе си го разубавите и ќе го направите полезен Вашиот престој на островов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А можам ли јас како негов владика да одам против сопствениот народ?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓутоа, при секој обид да ги разбере историските процеси, карактеристични за сопствениот народ и за неговата историја, постојано се соочуваше со неизбежните парадокси кои како да го обесхрабруваа да дојде до јасна, разбирлива интерпретација на балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)