сопствен (прид.) - мислење (имн.)

И сѐ најнапред треба да се свари во ретортите на сопственото мислење, во форма што на овој степен од развојот нашето јавно мнение сѐ уште не може ја инкорпорира во градбата на својот цивилизациски модел; но кога работата ќе зоврие во вас, таа веќе е тука.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Идеите се модуси на сопственото мислење.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Агниното бласфемично сведочење е насочено против човекот кого целиот живот го поддржувала, премолчувајќи го сопственото мислење, и со тоа посредно учествувала во појавата на она коешто подоцна го критикува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Впрочем, тоа да не се разјасни докрај, не беше само негова особина, тоа очигледно беше во менталитетот на луѓето од овој крај, некоја воздржаност во кажувањето на фактите, а уште повеќе на сопственото мислење и ставови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зар е достоинство да си само живо орудие без сопствено мислење? Што е достоинство?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нетранспарентноста веројатно е еден од поважните македонски проблеми, иако веројатно дека тој отров (стравот од сопствено мислење) се наоѓа многу подлабоко во менталитетот на нашата средина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Лажно его -Лажното его е изѕидано од сликите што го гледал, звуците што ги слушал од своето раѓање, до мигот на неговото разоткривање – продолжи старецот. – Растејќи, човек создава свое сопствено мислење за светото околу себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- “Сопствено” мислење!...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зарем може да има сопствено мислење кај луѓето кои немаат доверба меѓу раководството?!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)