Ова „благо“, речиси скриено додворување кон зборот е најбистрата проверка на сопствената мисла што поезијата ја очекувала да ѝ се јави како привидение во долгите затементи години на нејзиното непостоење, до појавувањето на македонската поезија во постоењето на другите поезии.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Се задлабочив малку во сопствените мисли, полека и незабележано се замелушував сѐ повеќе и повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Бидејќи јазикот не служи само за изразување на сопствените мисли, туку и, суштински, за нивно соопштување на друг, би можеле да се запрашаме како „првобитниот Египјанец“ ги пренесувал мислите на својот ближен “на која страна од двојниот поим секојпат мислел”?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Оваа статија помага да се разјасни зошто Маркс би сметал дека на фразата “марксистичка идеологија” би можело да & се приговори, и колку била нераскинлива марксистичката употреба на” идеологија” од неговото карактеризирање на сопствената мисла како “научна”. 3.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Си се смешкам и си велам: - Море убаво си молчиме ние интелектуалците, си велам и се плашам дури и да си ја чујам сопствената мисла.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Една од тешкотиите во врска со Хајдегер, е неговата загриженост за деталите и за историчноста на сопствената мисла.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Нишајќи се со рацете ставени на грбот, со некое држење на филозоф или некој древен мудрец кој е длабоко потонат во сопствените мисли, на едно од стеблата на дебелите дрва забележа дека некоја битанга со нож имаше издлабено: I work for money, don’t give me loyalty, cause I’d rather do blow job to your dog ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Зар не те зачудува таквото однесување?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Си немал контрола ни над сопствената мисла, па затоа не си можел да ја следиш за да дознаеш кога заминала, каде, зошто го сторила тоа, по чие барање или наредба?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Имено, во таа анегдота е содржано сѐ што ја убива интелектуалноста во самиот нејзин зачеток: страв пред јавната артикулација на сопствените мисли, прифаќање на елитниот статус на умот, регресија во приватното и контингентното. Маргина 35 41
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Таа ја спушти раката, и јас сфатив дека сигурно се препознала, или дека не ми мафна мене туку на некој друг, или никому не мафна, туку тој гест можеби беше гест со кој си ги бркаше сопствените мисли, се спречуваше да си противречи самата на себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа ја откри едната града и почна да го дои детето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Чанга не се задлабочи во татковата мисла, па неговиот коментар повеќе го следеше текот на сопствената мисла: – Лавот никогаш не напаѓа лав, или тигарот тигар...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со нетрпение го очекуваше Игора да продолжи со надеж дека до крај ќе си ја расветли сопствената мисла.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)