Но кога кај мене се појавија првите знаци на пубертет, се страмев и од сопствената мајка и не ѝ дозволував таа да ме бања.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Лесно е да се напушти земјата, но нели е тоа предавство кон сопствената мајка, да ја напуштиш кога си и потребен. Лојалноста и е потребна на земјата Мајка! ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Не поради парите, си имаат тие чест, туку за стисокот на рака би ја продале и сопствената мајка.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сепак има разлика: мајка си е мајка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не ми е другарка – му се спротивставив во мислите. – Сака да ми биде, а и јас сакам, ама тоа никогаш изгледа не може сосема да успее, сопствената мајка да ти биде и другарка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Си дошла од иднината? – ме прашува толку едноставно како да е тоа нешто најобично на светот да се вратиш триесет години наназад и да ја сретнеш сопствената мајка кога е на твоја возраст.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Баш е чудна, оваа мајка ми, отсекогаш значи се „занесувала” и верувала во чуда!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Нека нè земе еднаш со себе, па ќе се увери дека нема воопшто да нѝ недостига.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Чудо големо ако не се гледаме, си мислев јас – не се оди на фестивал да се гледа сопствената мајка, туку други луѓе и случувања.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)