сопствен (прид.) - лудило (имн.)

Тука се раѓа чистиот архитектонски објект, оној кој го негира градот и неговата намена, го негира интересот на поединецот и заедницата, истрајува во сопственото лудило и на кој единствен парник му е гордоста на ренесансните градови.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Немоќна пред агонијата на сопственото лудило очајнички се обидувам да се соочам со сопственото “Јас”, да го откријам стравот на сопствената душа, страв од солзите во очиве, од последната надеж дека во моето срце ќе пронајдам светлина и ќе се покаам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Моиве очи се клуч, а очите клучалница на вратата која ќе ја ослободи мојава заробена душа растргната помеѓу две сили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во згрчените мускули, во студената пот на пастувот, го насетува надоаѓањето на сопственото лудило, испреплетноста на земните и ѓаволски патишта, кога уздите се предаваат на немилоста на оној другиот, залудениот, кој се отрга од разумот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)