сопствен (прид.) - лице (имн.)

Женски, брачни, мајчински: децата можеби со подозрение ќе покажуваат кон таа несреќница и ќе зборуваат со глас што таа ќе го слушне; мачката пак има буви, тие ќе ни влезат во софата; сопственото лице делува замачкано, тоа е поради жештината; дали е вклучена ринглата под гравот? мрачната болест на машината за перење алишта може да се повтори - баботи при испирањето, а ѕвечка при перење; господи боже, веќе е единаесет часот; кој од вас загубил една каљача?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како да сум го посрал сопственото лице...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со оглед на тоа дека единствено сопственото лице не може да се види, таа загадочна фигура, веројатно е самиот сликар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што мислиш за твоето сопствено лице?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Испитувачки гледаше во лицето на брат му и на него не виде никаков знак од она што зрачеше на неговото сопствено лице.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пред огледалото повеќе не застанува: се плаши да се сретне со сопственото лице, со сопствените очи; се плаши да ги види наглите промени на ликот кои му ја навираат помислата: ѝ избега ли навистина на смртта или не?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа следуваше најконвенционалната сцена од сериските филмови, во која се открива само лицето на жртвата, а ближниот го идентификува со покривање на сопственото лице, сцена што се повторува на филмската колку што се наметнува на животната лента.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тоа време беше време на лаги, на понижувања, блатење, предавства, време на подлости и кодошења, време на клеветење и губење и изопачување на сопственото лице, време на уништување на сѐ што значеше живот, беше нечовечко и погано време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)