сопствен (прид.) - карактер (имн.)

- Дали сè сум научил?.. во седмо предметите се тешки... морам повеќе да учам... да не ги разочарам родителите... не заради нив, тато вели - За себе да учиш, за да научиш - ние сме на второ место... има право, средината добро ме прифати.. другарите, другарките, наставничките, Еко е необичен, вонсериски, нема споредба... ми се чини како познат со години... како да сум го барал во моето минато... и сега сум го нашол - како добар другар, и како авторитет... не од некој страв туку од почит и затоа што го сакаме - најмногу учиме географија... не, од него никој не се плаши, дури и Зоки никогаш не пелтечи кога одговара... кога би бил просветен работник, би бил како Еко... за сите други не можам да давам никаков суд, не сум компетентен, доволно не ги познавам... секој со сопствен карактер - индивидуалност - со Еко минуваме најмногу време... секој си има индивидуалност и треба да си ја развива... апсурдно би било сите да сме еднакви - конфекција - униформа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Всушност, си призна дека е точно тоа што вели татко му - Секој со сопствен карактер - не треба да се иссилуваш, да се измачуваш за да си како сите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)