Алфред де Мисе (Alfred de Musset) и Шарл Бодлер го објавија преводот на де Квинси, слободно адаптирајќи го оригиналниот текст, вклучувајќи ги и сопствените искуства со виното, хашишот и опиумот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не смееме, притоа, да ги занемариме ни сопствените искуства на творците, кои тие самите најдобро ги имаат опишано, без оглед дали се согласуваме со нивната интерпретација.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Додека Климент Камилски чекореше крај кутиите на букинистите, упатувајќи се кон местата каде што во младоста најчесто запирал и купувал книги, помислуваше и си се уверуваше со сопственото искуство дека во животот има две работи кои можат силно да влијаат на промената на човекот: големата љубов и читањето на големите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според оваа перспектива, животите на луѓето се обликувани од значењето кое тие му го припишуваат на сопственото искуство, од нивната позиција во социјалната структура, од јазичните и културните практики на индивидуата и на нејзините релации со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Деконструкцијата е претпоставена на она што генерално се означува како “критички конструктивистичка”, или, ако повеќе сакате, “конституционалистичка” перспектива на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Често пати знаеше да нѐ собере во класата и со саати да ни раскажува случки од сопственото искуство кои делуваа како најоткачени сценарија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
По еден ваков скоро комплетен холокауст на сопственото искуство на жртвеникот на конформизмот, секогаш мора да се почувствува празнотија што може да се надомести со трка по богатство, позиција, респект, восхит, завист кон пријателите, професионален и општествен успех.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Операциите на кои алудирав се однесуваат на нечие сопствено искуство.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Основните прирачници во светот на литературата се туѓите книги и сопственото искуство.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Да ги напишал своите раскази само врз основа на сопственото искуство - без увид во оние раскажувачки тенденции кои се вообличија во текот на целата втора половина на ХХ век - не ќе можел да ја фати онаа развојна нишка во наративното опитство чија среќа симбиоза во неговото раскажување ќе стане толку очигледна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Па, од сопствено искуство, ако љубовта ви се разводнила, побарај на Бит Пазар нова земјена тава за добар, густ, скопски, а плати го како тетовски и – чекај.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Впрочем, христијанското учење за душата и телото создава цврста подлога за изградба на типично, до денешен ден длабоко присутно, сфаќање во западната цивилизација за дуалистички пристап кон односот дух-тело.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа би значело дека без способност за рефлексија кон сопственото искуство не може да постои „само- свест“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа цврста подлога особено ќе ја ползува големиот мислител Рене Декарт, во како што истакнува авторот, Ото Клем, „Откритието на свеста како основен психолошки факт“ кое не било направено пред Декарт, додавајќи понатаму дека со него започнува „развојот на модерниот поим за свеста“.2 „Модерниот поим за свеста“, всушност подразбира познание за себе како продукт на интроспективно набљудување, односно софистициран процес на рефлексија на сопственото искуство.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На крајот на својата приказна Луз Арке заклучува: „Од сопственото искуство знам дека илузијата за повлекувањето црта под минатото и за некој нов почеток е неостварлива и дека заверата на молчење чија што цел е анулирање и егзорцирање на доживеаниот ужас само ги храни конфликтите и ресентиманите.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Извесни премиси на проектот утврдени се на самиот почеток, бидејќи, не само строгоста на администрацијата туку и моето сопствено искуство со ЛСД, ми налагаа повнимателен пристап одошто инаку би имал.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Со тоа организацијата на слушниот материјал мора да биде доволно отворена за да може секој да стекне сопствено искуство, одејќи по насоката која сам ќе ја избере, вклучувајќи ги и сопствените сили и резонатори.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Звучните извори се наоѓат во мноштвото точки во просторот во однос на публиката, така што искуството на секој слушател е негово сопствено искуство.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Секој од нас мисли сопствени мисли, има сопствено искуство, а секое искуство се менува и додека мислиме, јас говорам, а современата музика се менува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кога нашите идеи и мисли ги гледаме низ призмата на физички облик, го пишуваме законот за непишани правила патот до материјализираната теорија, оставајќи ја рационализираната практика за филозофите, кои црпат од сопственото искуство, некогаш осакатено од забот на времето...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)