Личност која сака, посакува и може, која е способна и спремна, да превземе одговорност за сопствениот живот и сопствената иднина!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во чинот на пишувањето е присутен обидот од животот да се направи нешто повеќе од „сопствениот живот”, животот да се ослободи од некои стеги.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но уметникот не може да се задоволи со истоштениот или сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сето тоа е само смислена игра за создавање конфузија на умот за да се заборави најбитното. Квалитетот на сопствениот живот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Само ќе создаде блокада на умот да не мисли на бедата на сопствениот живот, кој е таков токму од оние кои го бомбардираат со наметнатите медиумски срања.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Уште троа надеж што му остана е да ве види сите израснати и заминати по патиштата на сопствените животи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тоа важи почнувајќи од атомот на водородот па до биомасата и нашиот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Важно, Стрела е жива и знае дека во никој случај, дури и по цена на сопствениот живот, нема да ја прати во челустите на волците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Опкружени со симулакрумот на вредноста и фантомот на капиталот и власта, ние сме многу повеќе разоружени и повеќе немоќни отколку кога сме опкружени со законот на вредноста и робата, бидејќи системот се покажа способен да ја интегрира сопствената смрт и бидејќи ни е одземена одговорноста за неа, што значи дека ни е украден пазарот на нашиот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оваа анализа на моќта на многумина ќе им биде тешка за прифаќање, поради сугестијата дека многу од аспектите на нашите индивидуални начини на однесување за кои тврдиме дека се израз на нашата слободна волја, или за кои тврдиме дека се против наметнатите начини на однесување, не се она што на прв поглед се чини.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа ги прифатила овие практики како форма на самоконтрола и како суштински во трансформирање на нејзиниот живот во некој прифатлив облик - кој би бил израз на нејзината самоактуализација.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ова чувство произлегува од искуството на впуштање во животот и од чувството на способност да се игра активна улога во сопствениот живот - да се влијае на промените во животот според посакуваните цели и намери.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
ЗАКЛУЧОК Тераписките практики на кои јас укажувам како на „декоструктивни“ помагаат во воспоставувањето на чувство на „делотворност“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Всушност, оваа анализа би покажала дека многу од нашите начини на однесување ја одразуваат нашата соработка во контролирањето и надгледувањето на сопствените животи, и животите на другите, во согласност со доминантните културни сфаќања .
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За своето учество во активностите на потчинување на сопствениот живот, таа смета дека тоа се активности на ослободување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се разбира, многу машко геј-искуство е кодирано во таа сцена: сигурно, некои геј-мажи се ложат на овој кинематографски момент затоа што во него гледаат претстава на емоции што им се познати од сопствениот живот, ситуации што и самите веќе изобилно ги искусиле и од значително непосредно искуство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, некои од нив премногу очигледно зависат од едно тематско или психолошко или алегорично читање, кое го третира судирот мајка-ќерка просто како кодирање на машкото геј-искуство (отфрленост од мајката, обезмоќеност, пркос, излегување).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ќе се навратиме пак на некои нивни елементи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ми беше подарена радоста да ја препознаат во сопствениот живот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тоа е потрага по суштинското кое не е сочинето само од материјалното; а таа потрага носи ослободување од очајот кога се наоѓа смисла на сопствениот живот, а и, затоа што смислата е поврзана со сѐ што егзистира, на смислата на општочовечката суштина, и на суштината на сѐ она што е, што го има, а кое законите на физичкиот свет, ако не постои ништо отаде материјата, на крајот го фрлаат во пропаст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И таа потрага по суштината, тоа соочување со трагичното на постоењето, не е нешто што се прави по сопствен избор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Паулина трепереше – можеби не толку од стравот за сопствениот живот, колку од помислата дека она најблиско суштество, она кое излегло од нејзината утроба, никогаш повторно нема да го види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дали оние наши постапки со кои се обидуваме да се оттргнеме од она што ни се чини наше писание, кога сакаме да ѝ се спротивставиме на судбината, се инает кон Бога, желба за преземање на контролата врз сопствениот живот?
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во една од бројните примедби за проблемот на сексуалниот живот се зборува за „verga“ (membrum virile); меѓу другото Леонардо пишува дека тој уд, додуша, е врзан за човечката волја, но често има и сопствена и може да води сопствен живот без оглед на тоа дали човек е буден или спие. 236 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Едно од основните учења на Леонардо, чии што еротски живот бил крајно сложен, гласи: човекот поседува „desiderio“, страст, целиот човек е апарат на страста, наполно сексуално животно кое веќе не може да се ограничува.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тогаш, до пред десетина и повеќе години, во лето, и додека сè уште не беа раштркани по градиштата и низ светот, жителите на Потковицата излегуваа да спијат надвор, во дворовите, под отворено небо.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сето тоа во душата на човека налева радосни чувства, но тишината, ох, таа, дебела и напластена, без луѓе, без овчарски свирки и довикувања во гората, без момински одзив преку песни и смеа од градините, од бунарите и чешмите, без думани прав од гојда кои се враќаат од паша по Голем Пат, разбудува помисла за тоа колку многу човек е поводлив, кревок и неотпорен спрема сè она, убаво, што се случува надвор од него, во природата, додека останува беспомошен да влијае на својот сопствен живот - не успева, или не му е дадено, или не му даваат, само да го одреди неговиот ток, па се џари во празно со насолзени очи низ самракот, и му се причинува дека тука некаде, над него и околу него, во воздухот, притаено чукаат срцата на отидените ближни, на самовилите, на легендите и преданијата, на војните и војводите, срцето на животот што беше, што се закоренил некогаш одамна тука и се ископачи, па му иде да отрча на Молитвена Вода, да се плесне пред кладенецот и да нададе глас, не против непревдите што му се сторени лично нему, туку против неправдите што му се сторени и што му се прават воопшто на животот... ...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Треба да се стори сѐ што е можно зависноста од дрога да се намали: со примена на подобри методи на лекување и, што е уште поважно, со решавање на другите животни проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Истовремено би требало, како што тоа го прават Холанѓаните и (посебно) Швеѓаните, да се инсистира на тоа наркоманите да се научат да бидат одговорни за сопствените животи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во таа проѕирна среденост на работите владее постојаниот хаос. што е причината да не можам да го живеам сопствениот живот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И започна секој предмет внатре да живее свој сопствен живот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Зарем стапот на дедо ми, нацијата, да ме спречува во градењето на сопствениот живот во сета негова ширина и слоевитост. 46 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
За мене тој беше непризнатиот дипломат на земјата која не постоеше, на земјата на животот на своите чеда, по чиј живот можеше да се трага, останувајќи верен на потрагата по него во сопствениот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јас не се занесувам дека можеме да промениме нешто во текот на нашите сопствени животи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога не постојат надворешни записи на кои можеш да се повикаш, дури и контурите на твојот сопствен живот ја губат формата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, Џулија го критикуваше учењето на Партијата само кога тоа на некој начин ќе го допреше нејзиниот сопствен живот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Господи, погледни во нас, гости во сопствениот живот.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
По цена на нивниот сопствен живот...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ова отсекогаш било така, бидејќи човекот кога е во борба се грижи за зачувување на сопствениот живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
За среќа, еден од соседите, по цена на сопствениот живот, длабоко во визбата, преку ископан тунел, во една мала просторија, чуваше една санска, многу млечна коза, па секојдневно ни даваше по една чаша млеко, со кое Мајка му го заменуваше своето млеко на најмалото братче.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога е тоа нужно нашиот сопствен живот нè подучува како да се искористи чинот на самоуништувањето за да се избегнат последиците на немоќта, на подреденоста на глупоста и на другите понижувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Која од вас ќе ми го распара лицето, ќе ми ги извади очите ќе ми го раскине грлото и ќе ми ги распара градите, борејќи се за сопствениот живот?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Хуан Миро ги обожаваше и многу педантно ги собираше имагинатив ните и често драматични цртежи на својата ќерка Долорес, родена 1930. година.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Овој стил е одраз на неговото враќање кон детството, што кореспондира со фрлање поглед наназад и преиспитување на сопствениот живот непосредно пред смртта.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Постојат два извора податоци кога зборувате за љубовта, лагите, сексот: она што го дознавате за сето тоа од книгите, театарот или телевизијата и од другите луѓе; како и од сопствениот живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На својот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во оваа книга јас наведувам одредена литература, но поголемиот дел е базиран на мојот личен однос кон љубовта. Дали, тогаш, книгата е инспирирана од неверството во вашиот сопствен брак? Тоа е мошне деликатна тема.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
КИБЕР Е СТАРОГРЧКИ ЗБОР ЗА ПИЛОТ Големиот пилот може да едри дури и кога едрото му е скинато.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Подоцна мораше да му се помага при облекувањето и соблекувањето.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој не го знаеше своето име и од каде дошол, ниту што било за сопствениот живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
- Дале сте доволно храбри да бидете креатори и кројачи на сопствениот живот?
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
-„Дали нешто што постои има цел?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да го предадете сопствениот живот и сопствените надежи, плашливци од најлош вид.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Дали мапата по која го живеете животот е идентична со мапата на вашата душа?
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Лудо е ова време во кое живееме, овде на земјава се е како шаховско поле и ништо не е случајно, можеби сами ги поместуваме фигурите, сами го правиме следниот чекор и сами понесени од сопствената волја, зрело или без размислување, без искуство, свесно или несвесно или можеби наивно, будно или сонливо или полу заспано, внимателно или понесени од инстинктите од сопствениот живот правиме пекол и рај, но на крај секогаш стигнуваме таму каде што било пишано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не научив да живеам во потчинетост, не поради гордоста, јас сум господар и слуга на мојот живот, несакав никој да ги решава проблемите што сама ги создавав и секогаш се справував со работите на потежок начин.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Потребна ни е духовна непоматеност за да почнеме да го почитуваме и разбираме спопствениот живот, зошто само ние и апсолутно никој друг нема власт над нас самите и царството што сами го создаваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дури и кога нема да знае, од заседа, нов талент на вратите тропа,излез креира, сопствена судба, сопствен живот, паметен човек режира.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Таа ли кој прв сопствениот живот ќе го претвори во пепел, јуришајќи на бункерот и ќе остане таму?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ние живееме во култура која тежнее секому од нас да му ја пренесе одговорноста за својот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Веќе 1932-та тој напиша во предговорот за својата втора по важност есеистичка книга, Расправа, еден лапидарен став: “животот и смртта му недостасуваа на мојот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Многу години подоцна, во својот “Автобиографски есеј” од 1970-та, тој повтори дека & останува верен на планетата Тлон, т.е. на светот на книгите: “Да ме прашате да го именувам главниот настан во својот живот, би рекол дека тоа е библиотеката на мојот татко.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Поради таа лишеност е оваа моја внимателна qубов кон вакви ситнурии”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Исто така настана од Борхесовото согледување на сопствениот живот како живот во кој немало никаква драма вредна за бележење или коментирање, барем не за потребите на прозата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но ова е прашање во кое тој би се впуштил кога би правел запис или би го раскажувал својот сопствен живот. Тоа сега не е случај.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го поддржував пред моите другари ставот: Тој што не ги штеди животите на другите, нема право да го штеди ни сопствениот живот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)