Сѐ што имав читано или слушано за неверствата на жените, за нивното преправање - сега го гледав во најлоша форма и го сврзував со мојата сопствена жена.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во убавиот женски лик, благо деформиран од болка но со речиси незабележлива насмевка, ја препозна сопствената жена.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Бил полициски службеник, но откако не успеал сопствената жена да ја извади на прав пат- го отпуштиле од работа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Токму затоа што тој е еден од највлијателните луѓе, морал сопствената жена да ја испрати во логор.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Зашто ателјето на Гого беше жива слика на општ неред, во кој исклучиво тој гледаше некаков ред или ред нему што му годи колку што му треба, па затоа за жива глава не оставаше туѓа рака да го зачисти, па макар да е тоа и неговата сопствена жена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не може секој да се приспособи на правилата и наредбите, па и тогаш кога ќе се донесат со добра намера.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Бил во прашање некој Големец кој божем случајно ги заборавил обврските кон сопствената жена препуштајќи им се на нежностите на Аксја!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можело да се случи, ако пукне вистината, да му ја затрупа иднината на тој ваш Големец, иако, барем јас така мислам, всуштност и не бил виновен тој туку законите и правилата на однесувањето што ги измисливте за да ве прикажуваат како светли предводници во еден поубав живот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Помош и разбирање немаше ни од својата сопствена жена која постојано му ја јадеше душата дека се зафатил со работи од кои нема никаква корист, а само штета.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)