сопствен (прид.) - желба (имн.)

Најверојатно, по сопствена желба, ќе биде помошник-министерот Алал Комби, ваш сонародник.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сепак, од сопствените желби не се бега.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ти си првиот кој ме внесе во алејата на љубовта, ти си првиот кој ми го дари првиот касај на сласта, беше главен актер и сведок на кого по сопствена желба му ја дарував својата чест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Камионите и автомобилите ги возеа луѓе од крв и од месо, луѓе што имаа вид и слух и имаа сопствени желби, луѓе што имаа возачки дозволи и полиси за осигурување, ги возеа роботи што се тркаа по патеките, раководени од сили што тие не ги познаваа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој недостаток кој го означува зборувачкиот субјект засекогаш го спречува субјектот во постигнувањето задоволство, исполнување на желбата - субјектот така е бесконечно потресуван со својата сопствена желба и желбата на другиот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во таков случај детското одбивање на храна парадоксално треба да биде сфатено како начин на којшто субјектот се пре­сметува со сопствената желба во поглед на мајчин­ската љубов.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Психоанализата ја сфаќа анорексијата како форма на хистерија, примарно поврзана со дилемета на субјектот за сопствената желба.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
За волја на вистината, нешто слично е забележано уште кај Ле Корбизие, чија станбена населба Pessac, според сопствените желби станарите сами ја преуредиле.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Замислете си на што личи тоа: вашата сопствена желба да ве води во прогон.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но кога станува збор за слобода во општес­твото, колку подобро можете да ги примените вашите интенции, толку некој друг има послаби шанси да ги примени своите сопствени желби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е причината поради која не знам како може да се измери „вкупното количество на слобода во општеството”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По сопствена желба го запира вртењето на Земјата, па разденувањето доцни, а доцнат и луѓето на работа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но од моето лично гледиште, тој метод беше добар бидејќи ми дозволуваше извесно дистанцирање, а тоа, од друга страна, го поддржа чувството на критичко набљудување кое немаше да биде возможно постојано, без прекин да работев со дон Хуан. 1965. по сопствена желба ја прекинав обуката.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Верен на начелото на анархизмот, тој се обиде да го замисли светот без политика, без насочување на луѓето и владеење со нив, но со тоа само ја покажа склоноста кон поедноставување на вистинските човекови потреби, со што се спротивстави на сопствените желби за што покомплексно сфаќање на светскиот тек.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сигурен сум во сите вас дека ќе му помогнете на Влатко да се вклопи во наставата и според сопствените желби во воннаставните активности.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во текот на истрагата водена по повод посетата на селото Горно Морино од страна на М. Ѓурев, тој самиот беше потврдил дека по сопствена иницијатива, или како што самиот се изрази, по сопствена желба и од лични побуди престојувал два дена во Горно Морино.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)