сопствен (прид.) - грешка (имн.)

И ангелите ги менуваат лицата, чувството на вина ми го наментуваш зошто незнаеш да се извиниш, честа ја газиш под нозе зошто не можеш да ги признаеш сопствените грешки.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубовта ја доведе до ивицата на бездната, во која како во огледала се одразуваат грдите лица на лагите, а на дното сенките на избледените неми ветувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Животот ги шамари од сите страни, ја изневеруваат среќата и за сопствените грешки ги криват другите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа си помисли, како некогаш и судбината самата знае да ги исправи сопствените грешки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поради тоа, се појавило сомнение дека лесно можело да се забошотат вистинските факти, да пострадаат главно невини, за да се скријат сопствените грешки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Си направил непоправлива грешка, но си научил нешто важно, од сопствената грешка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас сум најмала, па, нормално беше секогаш да учам повеќе од туѓите, а не од сопствените грешки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Претерана критичност кон другите и непризнавање на сопствените грешки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од друга страна, кога интервјуто би било класично (разговор, диктафон и сл.), не верувам дека воопшто би можело да биде изведено, согласно со рамките најпрво на мојот, а потоа и на твојот идентитет; емпириски е докажано дека таквиот разговор со малку среќа во најмала рака би завршил со непријатна тишина, со раскинување на сите договори и чекање евентуално да се признае сопствената грешка, до следниот чекор, контакт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Чекориме во една посветла и подобра иднина, во која опшествениот капитал е во рацете на новите приватни сопственици, и тоа што се зезаме на сопствена сметка, не е ништо друго освен прикривање на сопствените грешки, во потрагата по сопсвените личности и по нашите животи кои веќе одамна не се наша сопственост. 2000.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)