сопствен (прид.) - глас (имн.)

Како тоа да беше нешто повеќе од ехото на неговиот сопствен глас што одеше во гредите, тој ги слушна зборовите, „Некој долу те бара тебе, Ден“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој ѝ одговори пред да биде сосем буден. Во својот полусон го слушна сопствениот глас како одговара, „Да, да, Рози“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Не сакам да умрам“, му јачеше неговиот сопствен глас во ушите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Овој се насмеа гласно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Не сум подготвен“, офкаше. „Не сакам да заминам вака, сам, далеку од дома“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Не“, го изненади стравот во сопствениот глас.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Како се снаоѓате со уличките? – сопствениот глас, сега откако девојките излегоа, а тој остана во возилото сам со возачот, му зазвучи претерано љубезно, наместено.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Вие имате ортома!“ - го слушнува Глигор својот сопствен глас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Смислата на зборовите не проникнува во неговата свест, тој се вовлекува и се опива само од звучниот хаос на римите што го возбудуваат и го обземаат целото негово суштество и, заборавен, восхитен, растопен во еден необичен свет на чувства, разбранувани во неговата душа, тој го слуша сопствениот глас како трепери, се подигнува и звучно се разлева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Влегува веднаш по дигањето на завесата, бришејќи. го грижливо со четка фесот на чорбаџи Теодос, оди полека на прсти, зборува тихо плашејќи се од својот сопствен глас.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Себеси се прикажува и како простодушник и како разочаран критичар на надуениот новинарски дискурс кој го користи како стомакозборец.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да зборуваш со сопствен глас, ако си онаков културен простодушник за каков отпрвин се претставува самиот О’Хара, значи да ги усвоиш ветвиот јазик и склоноста кон мелодраматично претерување кои се одлика на новинарскиот дискурс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
До крајот на песната, меѓутоа, О’Хара ја разграничил неволјата на ѕвездата од својата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, строгиот сооднос меѓу жанровите на дискурсот, на чувствувањето, на изразувањето и на однесувањето, од една страна, и облиците на родот и на сексуалноста, од друга страна, веројатно ќе им биде на децата јасен и опиплив на едно инстинктивно, интуитивно, утробно ниво, дури и на мошне малите деца, а веројатно ќе биде формативен за нивните субјективитети, иако – како и повеќето возрасни во тој поглед – тие и понатаму се, главно, несвесни за тој сооднос и немаат никакви свесни и експлицитни начини да си ги артикулираат несозреаните перцепции и интуиции што ги произведува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истовремено, цитатот на О’Хара ја разголува превжештената реторика на новинарскиот дискурс, исмевајќи го насловот поради мелодраматичната претераност, поради напнатиот напор да нѐ натера да внесеме толку многу горливо и заблудено значење во поситните дробности на животот на некоја ѕвезда која, всушност, не ја ни познаваме – иако жолтиот печат можеби нѐ навел да мислиме дека ја познаваме – особено кога сопствените животи не ни се квалификуваат за исто такво грижливо размислување и сочувство. ‌О’Хара му се придружува на извикот од насловот, го повторува небаре ги искажува сопствената шокираност и потресеност и си го присвојува исказот пред читателот на песната воопшто да сфати дека О’Хара само го цитира жолтиот печат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Делумно токму преку таквите жанрови, најпосле, децата си ги пронаоѓаат сопствениот глас и сопствената личност, си наоѓаат пристап до субјективниот израз, се здобиваат со карактер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Започнувајќи ја песната со зборовите од насловот и рецитирајќи ги со сопствениот глас, тој активно (односно, пасивно – односно со активна пасивност) ја зазема положбата на субјект што трачерскион наслов му ја натура на неотпорниот читател.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Децата уште од рана возраст се изложени на жанровите на дискурсот, однесувањето и емоционалното изразување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека се иззема од хистеричната возбуда што дречливион наслов сака да ѝ ја внесе на масовната публика на која ѝ е упатен, тој радо се асимилира себеси во таа публика, присвојувајќи си ја мелодраматичната реторика на насловот, го цитира и го репродуцира со подбивна сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите разграничености ги разлачуваат не само видовите на дискурс туку и видовите на чувствување, стиловите на емоционално изразување и конвенциите на однесувањето и на општествената интеракција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ги слушавме сопствените гласови од голема далечина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Весна Димовска Читање од сопствениот глас сеприсутен во јасниот ПОЕТСКИ БЛЕСОК на Олга Наумовска Пред нас почитувани е еден јасен поетски глас, еден стремеж, поетска побуда врамена во седумдесетина лирски изливи поврзани единствено со огромната мотивска желба на поетесата тие да бидат јасен поетски блесок.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сме навикнале сопствениот глас да си го слушаме низ коските на сопствената глава. Бартоне, овде е Бартон.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Секако дека не можеш да си го препознаеш сопствениот глас на телефонот. Никој не го може тоа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)