сопствен (прид.) - време (имн.)

Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Уметникот е всушност целата евидентна историја на свесното постоење, тој е целокупната археологија на цивилизацијата, тој е активен симулатор на времињата и настаните и конечно кловн и шут во сопственото време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во таа смисла може се говори за Ворхоловото и попартовското фетишизирање на амбле­мите на сопственото време, како и за него­вите фетиши-грешки.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Без запаѓања во “историцизам”, Грековото дело мора да се означи како генијална творба на една “неделива” индивидуалност која што, меѓутоа, била во еден крајно напнат однос кон сопственото време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој може да се анализира и во однос на секој естетизиран објект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)