сопствен (прид.) - вредност (имн.)

Во тој видлив обид да ги надминат стрејт-луѓето во лотаријата на нормалноста и да ја избегнат заканувачката дамка на стигмата, геј-луѓето во последно време почнаа да се гордеат со својата здодевност, обичност, просечност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Самата нормалност веќе не е доволно нормална за да им го поткрепи на геј-луѓето чувството за сопствената вредност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не само што меѓу нас излегле од мода геј-верзиите на радикалната политика, на радикалниот секс и на радикалните животни стилови, туку геј-луѓето изгледа одново ја откриваат и ја промовираат супериорноста на хетеросексуалните општествени облици, вклучително и фрапантно архаичните форми (како венчалните огласи во друштвените рубрики на локалните весници) кои ги напуштаат дури и самите хетеросексуалци.455 Се трудиме да ги победиме хетеросексуалците на нивни терен. ‌Повеќе нормалност, изгледа, веќе не ги задоволува асимилациски настроените геј-луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На тој начин, тие ги прифаќаат поимите со кои се артикулира хетеросексуалната доминантност и позитивно ги промовираат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-луѓето, онака решени да се интегрираат во поширокото општество и да си ја покажат суштинската нормалност, брзаат да ги прифатат хетеросексуалните облици на живеење, вклучително и хетеросексуалните норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
-Значи, ако човекот е свесен за својата сопствена вредност, тој е смирен и доживува внатрешна радост – се искажа Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)