Бидејќи сè додека народњаштвото како општо чувство на општествениот живот биде доминантно (како српскиот задружно радикален и хрватскиот провинцијално средноевропски ФОЛКИШ), дотогаш ќе ги трпиме сите последици на одржување и дотирање на едно одамна насукано трупиште, во кое ајдуците и ускоците, во својство на управник на светилникот, веќе го пљачкосале и последниот златен заб од вилиците на настраданите патници. 14. 10. 1991 Маргина 36 27 Еднодимензионални народи Народ што не знае на сопствената волја да ѝ стави цивилизациска граница (да изнајде ФОРМА), кој не знае да се самосовлада во законот и правната норма, кој како единствена вредност го зема и истакнува сопственото постоење, доброволно се определува за робување самиот на себе (а тоа се најлоши ропства) и, на крајот, паѓа во опасност од билошко исчезнување.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Суптилноста е една суштинска мајсторија, факт дека не живееме од сопствената енергија, од сопствената волја, туку од онаа што суптилно ја поткраднуваме од другите, од светот, од оние што ги сакаме и од оние што ги мразиме.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Невозможно е да се избегне, можеби може само да се одложи: а сепак, наместо тоа, одвреме навреме и со свесен чин на сопствената волја човек одбира да го скрати интервалот пред тоа да се случи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А сепак, истиот момент кога им дозволи на мислите да му залутаат, неговите нозе го доведоа тука по сопствена волја.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еретикот секогаш ќе биде тука, на наша милост и немилост, врескајќи од болка, скршен, достоен за презир - и на крајот сосем покајан, спасен од самиот себе, ќе доползува до нашите нозе по сопствена волја.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не научив да живеам во потчинетост, не поради гордоста, јас сум господар и слуга на мојот живот, несакав никој да ги решава проблемите што сама ги создавав и секогаш се справував со работите на потежок начин.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Лудо е ова време во кое живееме, овде на земјава се е како шаховско поле и ништо не е случајно, можеби сами ги поместуваме фигурите, сами го правиме следниот чекор и сами понесени од сопствената волја, зрело или без размислување, без искуство, свесно или несвесно или можеби наивно, будно или сонливо или полу заспано, внимателно или понесени од инстинктите од сопствениот живот правиме пекол и рај, но на крај секогаш стигнуваме таму каде што било пишано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тој самиот, со сопствена волја се доведува во движење и минува низ другите.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Мислев на мекушлавците а истовремено почувствував и останав многу изненаден дека токму сега се јавува и она чувство на измаменост од сопствената волја што грдо и неодговорно ми пристапува со оној писклив глас што доаѓа негде од далеку, а сепак од мојата внатрешнина: "Ти си лажго!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Лажго кој не е во состојба да ја прикрие дури ни својата лична отсутност туку глуми дека е овде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Околу четврт век пишував за продолжување на животот и за употребата на сопствената волја, така што бев посебно возбуден кога го слушнав тоа. Маргина 34 111
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ова не важи за слободата во однос на природата, да речеме за слободата на скулпторот што обликува камен менувајќи го неговиот изглед; во овој случај, колку повеќе вештина има тој, толку е послободен да ги примени своите уметнички идеали не на ничија сметка освен на каменот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Слободата значи можност да се дејствува по сопствена волја или, ако сте способни за тоа, на сопствен начин, што значи дека некој друг треба да биде компромисен или да се предаде.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Движењето коешто со сопствена волја минува низ просторот преминува во апсорпција со самиот простор - крај на отпорот, крај на самата сцена на патувањето (како што млазниот мотор веќе не е енергија на продирање во просторот, туку се придвижува така што пред себе создава празнина што го вшмукува, наместо, според традиционалната шема, да се потпре на отпорот на воздухот).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Суптилноста е една суштинска мајсторија, факт дека не живееме од сопствената енергија, од сопствената волја, туку од онаа која суптилно ја поткраднуваме од другите, од светот, од оние што ги сакаме и од оние што ги мразиме.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Чудно што баш во таа ситуација се присетив дека човекот пред мене се вика Стојан, и што тоа веднаш го поврзав со една мисла на Димитар Талев во “Преспанските камбани” дека сите Стојани во Македонија се дојдени од село, и што, најсетне, дури не по сопствена волја, се насмеав а човекот, не сфаќајќи што ми се мота низ главата само ме прекори дека тука нема ништо смешно, дека вака било, онака било, главно само за тој фамозен ѓон зборуваше, и за тој Шилото кај кого требаше да отидам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)