сопствен (прид.) - автентичен (имн.)

На крајот на краиштата, како да се оттргнеш од сопственото автентично јас? ‌Откако си го разобличил општествениот облик од неговото вкалапено, симболично, конвенционално, општоприфатено значење и откако си му внел длабоко и чисто лично, интимно значење, практично си го направил автентичен. (Ова е друг начин да се каже дека тој станува она што си ти.) А тоа значи и дека си се лишил од готовата постапка за бегство од него – за негово разглобување, раззначување, расветување и напуштање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Современиот геј-идентитет – сериозен, официјален, угнетувачки, неизбежен – дава мрачна поука за последиците од премногу автентичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нема излегување – барем не многу лесно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Си станал заточеник на сопствената автентичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)