Достоинственото страдање е трагично; недостоинственото страдање е патетично.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Играњето улоги не е во согласност со пројавата на суштински идентитет – на вистинското битие на поединецот – па затоа изведбеноста нужно подразбира неавтентичност и отсуство на вистинска сериозност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мажественоста е подостоинствена од женственоста, исто како што повисоките сталежи се подостоинствени од пониските (иако вториве понекогаш се квалификуваат како подоблесни од првите).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Смеата не е соодветна реакција на трагедија и на ужас, но ако земеш да го сфаќаш сериозно патетичното страдање, тоа значи да наседнеш на сентименталност, да ѝ подлегнеш на вулгарната привлечност на мелодрамата, емоционално да се внесеш во кич, а сето ова е грев кога се суди според мерилата на добриот вкус.
Женственоста е тривијална, несериозна (истиот суд важи за секого што го сметаме за понедостоен од себе), сигурно затоа што е мошне изведбена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)