7. Невработено лице, во смисла на овој закон, е лице кое: 1) не е вработено; 2) е пријавено во Агенцијата за вработување; 3) е способно и сака да работи; 4) активно барало работа во изминатите 30 работни дена и е на располагање на берзата на трудот да започне со работа во следните 15 дена; 5) не одбило соодветна понуда за вработување и 6) на кое работниот однос не му престанал по негова волја (чл. 53, ЗВОСН) [оваа последна и подвлечена спорна точка, во меѓувреме, е укината од страна на Уставниот суд на РМ со Одлука У.бр. 173/2010-0-1 од 22.VI.2011, благодарение на иниција- тивата од 1.X.2010, поднесена од страна на ДСП „Ленка“ - Скопје и Асоцијацијата „Магна Карта“ - Велес].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Страните можат со договорот однапред да се откажат од повикувањето на определени променети околности, освен ако тоа е во спротивност со начелото на совесност и чесност [bona fide] (чл. 125, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Така, од 2004 година од него се бара прво, да не одбие соодветна понуда за вработување и, второ, да не го има прекинато работниот однос по своја волја (чл. 5, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)