Во ЈКП „Дервен“, во тоа време, веќе имаше неколкумина вработени кои, по разни основи кои беа предвидени и во Колективниот договор за комуналните дејности во РМ како и во Колективниот договор на ниво на работодавач, работеа со скратено работно време од четири часа дневно,5 а за тоа примаа соодветен надоместок (кој изнесуваше 85% од разликата меѓу платата што се добива за работа со скратено работно време и „нормалната“ плата која би ја оствариле доколку работеа со полно работно време).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нејзиното барање, врз основа на Наодот, оцената и мислењето бр. 2322 на Првостепената комисија, раководителот на подрачната единица го усвои и – во јули 2002 – донесе решение со кое се констатира преостаната т.е. намалена работна способност, со препорака за работа со скратено работно време.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)