Не можеше да се види што стана со неговите петни жили или воопшто дали соодветниот имал ахилова петица, но на главата сосема јасно му се гледаше дека на местото од еврејското или арнаутското кече на темето не само што му се пробиваше туку веќе и му сјаеше ќела.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)