Потоа го користев уредот на Lucidity институтот на La Berg којшто го детектира RЕМ сонот со помош на инфрацрвен сензор и потоа создава фотичка стимулација.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од искуство знам дека електричните и фотичките сигнали продираат на сосема различни начини: сигналот од ТЕNS уредот влегува во содржината на сонот како потрес, како течност што струи низ кожата, односно како зграда што се руши; фотичкиот сигнал се појавува на помалку драматичен начин: како одраз на сончева светлина од мазна површина, односно како фотографирање со блиц. (Gilchrist 1995:3) (...) Во проектот на ICА во Лондон тој за публиката поставил посебни фотелји; прилагодени во однос на телото тие фотелји на публиката ѝ овозможиле со кожата да ги осети електричните сигнали на спијачот со коишто управувале нивните мозочни бранови.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ја гледам и со едно малечко дигитронче што работи на сончева светлина сметам, смета...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Низ малите железни решетки одвај се пробиваше малечко снопче сончева светлина.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Трговецот одвај го забележа човекот, му пристапи и тивко му рече: - Брате Даме!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Птици се тоа Птици се тоа кои се хранат со трошки сончева светлина и време и на Преображение љубат мирис на печено лепче.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ништејќи се себеси и тоа му ја испеа најубавата химна на животот во кој штотуку влегуваше...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ако на ведар ден ги исклучат светлата нешто како сива верзија на сончева светлина се филтрира низ наслагите на акриликот, поглед рамен на затворските скици на Џовани Пиранези.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Забележа дека ламбата свети сѐ уште, макар што тоа тешко се забележуваше од силната сончева светлина.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој малку почека сенката да се помести, но таа остана неподвижна, освен на рабовите каде што допираше сончевата светлина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ниту приказните на Кети за мудроста и дарежливоста на природата, ниту утрото што беше накиснато во сончева светлина, ниту цвеќињата што се нижеа како да сакаа да ја утешат, не можеа да ѝ ја свртат мислата од кризата која толку бргу и толку нагло влезе во нејзиниот брак.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Скулптурната маска на агонија на неговото лице не се стопи, но нова светлина дојде во неговите очи, а таа за неа беше како зрак сончева светлина што ветуваше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таквото лишување од дневната и сончева светлина претставуваше економска загуба за здравјето и продуктивноста на кокошките.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Собата се капеше во зраци од злато, во сончева светлина што се протнуваше низ мрежестите пердиња.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И навистина, во тој миг птицата излета нагоре, како некој метеор, и се изгуби во воздухот потопен во сончева светлина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Капките од дожд сѐ уште беа залепени на лисјата а цветовите блескаа на сончевата светлина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зачекорувајќи во утринската сончева светлина, тој можеше да ја чувствува еластичноста на земјата, што беше накисната од дождот, која му се спушташе и подигаше под нозете, и се чинеше дека неговите чевли наместо ѓон имаат пена.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Златните коси им блескаат, зрел сноп се на сончева светлина.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Денот зајдуваше. Сенките на трите багреми се издолжија и поминаа преку нас покривајќи ја и последната сончева светлина на земјата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Помина и таа ноќ... Се разбудив од сноп сончева светлина. Беше недела.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Таа се храни со своите жители и со сончева светлина, пие од водата, од дождот, која ние еднаш веќе сме ја пиеле.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ветрот струјно се бранува низ зеленилото распослано насекаде, и тоа напоено од сончева светлина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
А морето се бранува со жешките бранови напоено од сончева светлина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Преку ден, во сјајната сончева светлина, во прекрасните паркови на падините владее големо спокојство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Еј, бисеру - Киев! Немирно си место!.. Но тоа е, впрочем, мечтаење, самрак, спомен...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На пример, една јасика ќе ги насочи листовите во насока во која тие ќе можат да зафатат најмногу сончева светлина.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Одеше по бело поплочениот коридор, со чувство дека оди под сончева светлина, со вооружен стражар покрај себе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како музиката да беше некаква течна материја која се разлева по целото негово тело и се меша со сончевата светлина што се цедеше низ лисјето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се наоѓаше во средината на некаква голема празна рамнина, една рамна пустелија натопена со сончева светлина, преку која сите звуци допираа до него како од огромна далечина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јунското сонце беше сѐ уште високо на небото и долу во дворот исполнет со сончева светлина една огромна жена, цврста како нормандски столб, со мускулести црвени раце и со мокро утаре врзана околу половината, тупкаше горе-долу помеѓу едно корито и жицата за сушење алишта, простирајќи мноштво бели платнени квадрати во кои Винстон препозна бебешки пелени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ја чувствуваше кусата пролетна трева под нозете и нежната сончева светлина врз лицето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неговиот труд и подвиг ги почитуваме и слични пофалби нема кому да упатиме, па иако отпосле светна, сепак надмина сѐ, како и Деница, која иако огрева најпосле, со својата светлина ги облева сите ѕвезди кои имаат сончева светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Вљубени во бреговите и плажите, ртовите и гребените, карпите, полуостровите и линиите на брегот, тргнавме последниот ден од рамазанот, откако успеав да го совладам егзотичниот менувач на реното, низ буганвилии и низ заслепувачката сончева светлина источно од Тангер кон карпите на ртот Спартел, кадешто Гибралтарскиот теснец се сретнува со Атлантскиот океан, а од таму покрај брегот кон југ низ со риба богатиот Асилах до од пат тргнатиот крајбрежен парк наречен Дипломатска шума, кадешто застанавме за да пливаме.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
2 Низ спуштените ролетни се пробива интензивна сончева светлина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Погледна накај Иван и Ивана седнати на подѕидокот, Ивана уште незакрепната од грипот, немаше волја ниту да зборува, на сите им беше необично дека молчи, подмижната во сончева светлина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Застана крај прозорецот. Ридот пред селото В’мбел беше облеан од сончева светлина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Жената стана и ја замати сончевата светлина што ни паѓаше на масата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)