Почесто почнаа да поминуваат пешаци, можеа да се сретнат и дами, убаво облечени, се појавуваа и мажи со даброви јаки, поретко се сретнуваа прости кочијаши со своите решеткасти санки, украсени со позлатени шајчиња, наспроти тоа сè почесто се појавуваа кочијаши со пурпурни сомотски шапки, со лакирани санки, со покривки од мечјо крзно, а уште низ улицата пролетуваа, чкрипејќи силно со тркалата по замрзнатиот снег, кочии со накитени кочијашки седишта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)