сомничав (прид.) - око (имн.)

Командантот Никодим и комесарот Мони, по сѐ слични на Онисифор Мечкојад и на Онисифор Проказник, едниот главурдест и со влакнести уши, другиот замислен и без насмевка на сувото лице, со сомничави очи зјапале во извезениот петокрак знак на попската камилавка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но попот со мирис на тутун и овчко масло во брадата ни мотоциклот го давал ни оружјето го пуштал од рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред него во редицата стоеше едно мало човече, со брзи движења, слично на бубалка, со сплескано лице и со ситни, сомничави очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред нашите сомничави очи од компјутерот почнуваат да се појавуваат алтернативни светови: црти составени од точкасти елементи, површини, а наскоро и тела што мрдаат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)