солунски (прид.) - атентат (имн.)

На 29 април 1903 биле извршени солунските атентати.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од 2 до 7 мај 1903 година, во Смилево се одржал конгрес на кој било донесено решение за кревање на востание на 2 август 1903 во II Битолски револуционерен округ на ТМОРО.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Веста за Солунските атентати во протурски ориентирана Германија била пречекана на нож.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некои автори коишто пишувале за Солунските атентати, за виновници за апсењето на И.Гарванов, Д.Мирчев и други ги прогласиле гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Солунските атентати властите решиле да ги исползуваат како повод за да истераат, по можност, што поголем број македонско население од Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во рамките на познатата политика да се убеди Европа дека македонското револуционерно движење било, наводно, управено повеќе против Грција отколку против турските власти, грчката пропаганда се трудела да докаже дека Солунските атентати биле управени и против патријаршиските установи. Аргументите била измислувани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, партиско-државните интереси и ставот кон македонската криза што произлегувла од тие интереси не им дозволувале да гледаат поинаку на Солунските атентати, освен како на анархистичка акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Треба да се забележи дека, освен ЦК, малкумина позначајни раководни личности биле уапсени по Солунските атентати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој се трудел до максимум да ги исползува солунските атентати заради компромитирање на револуционерното движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)