создаден (прид.) - во (предл.)

Основната лингвистичка структура на МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ - МОДЕРНИЗМОТ, беше создадена во периодот на разновидни авангардни движења.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тука погина Никола Карев Претседателот на првата Република на Балканот Македонија, создадена во среде турска територија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Недетерминираност внатре во детерминираноста Доколку нарациите на индивидуите за нивните животи ги ограничуваат значењата што тие му ги даваат на искуството, како и аспектите на искуството коишто ги избираат за изразување, и ако тие значења имаат специфични и реални ефекти во животите на тие индивидуи, тогаш имаме јак аргумент за 46 Margina #4-5 [1994] | okno.mk детерминираност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој аргумент е уште појак ако се земе предвид степенот до кој таквите приказни се канонички и дотолку одредени од средината колку и од индивидуата, како и тоа дека тие се историски создадени во контекстот на специфични институции и социјални структури.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Освен ако Valery, во продолжувањето на истиот текст, греши кога вели, „не ли би требало еден младич, љубопитен кон исти нешта, да биде прилично сличен, во крајна линија, на еден човек од ренесансата” (5), при што тој самиот, Valery, го презема ова камуфлирање, осмелувајќи се да се претстави со името на Leonardo и да се послужи со неговата личност, на ист начин како и Duchamp со името и личноста на Rose Selavy или George Welch, тргнувајќи од следните очекувања: „Не претставува ли неговата наивност онаква форма на релативна простодушност што е создадена во текот на четири векови откритија, на сметка на луѓето од тоа време?“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
"Вредноста на нестварната слика создадена во фантазијата сѐ повеќе ја надраснуваше вредноста на стварниот узор; сѐ потенка беше нишката која уметничкото дејствување го врзуваше со сетилниот свет".
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еден ден, Сликарот доби писмо што му го испрати неговиот пријател Јусуф беј, професорот по Убави уметности од Истанбул, а во кое пишуваше: Почитуван пријателе, На Вашата изложба во Сарајот на која ги презентиравме Вашите платна создадени во Истанбул, беше изложено и чудесното платно „Портрет на Непознатиот, со два детски лика“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од Врање, во почетокот на јули, Дикинсон се упатил на територијата на Македонија, каде што на планината Козјак се наоѓал Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие услови биле создадени во средината на јуни, кога ноќта меѓу 23/24 јуни 1944 година бил спуштен "во близина на Врање".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се знае дека обата системи на писмо се создадени во период од најмногу 50 години - временски период, во кој е мошне тешко да се говори за, условно, архаичност на еден јазички систем, особено на еден целосно изграден јазички систем каков што е старословенскиот. 3.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најстариот досега пронајден споменик не мора да значи дека тој навистина е најстар, уште повеќе што до нас не е допрен ниеден изворен ракопис на Константин или Методиј, а се знае дека нивната дејност како преведувачи на богослужбени книги е мошне обемна. 2.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Струјата што ја спровеле да го осветлат Подот беше единствено отстапување од нивната естетика, создадена во име на... ритуал, спорт, уметност?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ги поздрави со желба да се видат на отворањето на изложбата што ќе ја приредат во центарот на општината од дела создадени во керамичката колонија и подарени на народот што прифатил уметниците да му бидат на гости.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како што се огледува нашиот лик во водата, така во стварноста се материјализира визијата, фантазијата создадена во нашиот ум.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Комбинацијата на двете ситуации, создадени во исто време, беше многу сложена за способноста на неговиот ум кој требаше да ги доведе во склад двата света.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)